
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Четири секунди не делеа од победа
- '
- Објавено: август 25, 2011 22:00
Македонската кошаркарска репрезентација загуби со 70-68 на првиот пријателски натпревар против Германија. Избраниците на Марин Докузовски имаа водство од 68-67 на четири секунди до крајот на средбата, кога Шафарцик постигна тројка и им донесе триумф на „панцирите“, за кои настапи и НБА ѕвездата Дирк Новицки.
На самиот истек на мечот, со звукот на сирената, се обиде Соколов да возврати со удар за три поени, но не беше прецизен. Сепак, и покрај поразот, македонските кошаркари прикажаа добра игра најавувајќи дека во добра форма ќе го пречекаат стартот на Евробаскет во Литванија.
Во првата четвртина се водеше израмнета борба, а Германците успеаја да ја добијат со 18-17. Исто така за еден поен домаќините беа подобри и во вториот период, а Македонија заигра одлично во третиот дел кога и дојде во водство. Го имаше водството до пред самиот крај, но прецизната рака на Шафарцик им ја „поништи“ победата.
Во македонскиот состав најефикасни беа центрите, капитенот Перо Антиќ и Предраг Самарџиски со по 11 поени, а еден помалку зад своите имиња запишаа Владо Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб. Војдан Стојановски уфрли седум, а Гечевски постигна шест поени.
Кај Германците најмногу кошеви (14) постигна Крис Кејман, а Дирк Новицки го следеше со 13 поени. Човекот на одлука, Хеико Шафарцик, на крајот мечот го заврши со девет поени.
Македонија и Германија ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, по што „црвено-жолтите“ веднаш ќе отпатуваат за Литванија на Европското првенство.