Четири години патење: Семејството се уште се надева на чудо за Шуми... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Четири години патење: Семејството се уште се надева на чудо за Шуми…

Четири години патење: Семејството се уште се надева на чудо за Шуми…

Четири години минаа од страшната скијачка несреќа на Михаел Шумахер во француски Мерибел. Славниот германски Ф1 возач денеска не може да оди, дури и да стане без помош од специјалисти кои се обидуваат да го излечат.

Според разно-разните информации кои кружат по медиумите некои тврдат дека ниту по четири години нема значителни подобрувања во неговата состојба. Сопругата Корина потроши повеќе од 15 милиони евра на изградба на медицинска единица покрај куќата во Германија, па Михаел има нега од 24 часа, но секој нов месец семејството го чини околу 300.000 евра.

Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем воопшто не сака да се појавува во јавноста со било какви информации…

„Здравјето на Михаел не е јавна тема и ние нема да даваме коментари околу тоа. Мора да го заштитиме и да го чуваме неговото здравје и интима“ – вели Кем.

Германскиот магазин „Бунте“, пак, тврди дека Михаел е многу ослабен но успева некако да оди и сам со помош на терапевти.

„Може да направи неколку чекори, и да ги подигнува рацете“ – пишува „Бунте“. Но, Кем ги отфрли и тие гласини.

„Тоа пишување е навистина неодговорно ако знаеме какви тешки повреди заработи Михаел. Неговата приватност е најважна“ – вели Кем.

Шумахер наскоро се очекува да се пресели во Далас каде за него ќе се грижи еден од најценетите светски неуролози, др. Јулиан Микс.

„Имам големо искуство со такви пациенти. Се сомневаме дека било кој во Европа лечел повеќе такви пациенти од мене“ – вели Микс.

Семејството за потребите на тоа лечење веќе го продаде приватниот авион како и три милиони евра вредната вила во Норвешка. Среќа е што Михаел во својата кариера заработил блиску една милијарда евра па има со што сега да се покријат огромните сметки.

Колку за потсетување, несреќата се случи на 29. декември 2013 година. Михаел и неговиот син Мик беа на скијање во француски Марибел. Во еден момент Германецот скијајќи надвор од предвидената патека удрил на камен кој го отфрлил десеттина метри во воздух паѓајќи потоа со глава на камен. Без разлика што на себе имал кацига, последиците се драматични…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.