Червар: Веќе ја почувствувавме моќта на Веспрем - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Червар: Веќе ја почувствувавме моќта на Веспрем

Металург со нетрпение го очекува крајот на настапите за оваа 2014 година, па токму затоа во најлош момент за македонскиот првак доаѓа пресметката со Веспрем, тимот што во првите десет кола забележа исто толку победи. Унгарскиот гигант на домашен терен ги декласираше „металурзите“ со 33-21, па јасно е зошто македонскиот состав ќе ја има улогата на аутсајдер на овој меч. Лино Червар на денешната прес-конференција повторно ги посочи проблемите со кои се соочува при составувањето на тимот.

Веќе имавме можност да играме со Веспрем и да ја почувствуваме моќта на овој тим. Скоро сите натпревари ги добија убедливо, тоа е нормално ако се земат во предвид квалитетите што ги поседува. Унгарците се одлично покриени на сите позиција, тоа е една силна одбранбена екипа која потоа лесно постигнува голови од контранапад. Јасно е дека квалитативно сме зад нив, но ние ќе се обидеме нашите недостатоци да ги надополниме со борбена игра. Овој меч ни доаѓа во незгоден час, но ќе настојуваме да останеме здрави, за момците потоа најпрвин да се одморат, а потоа и да се посветат на репрезентативните обврски. Нелоски повторно нема да може да игра, повреден е и Јоноски, тука е и Мојсовски кој се мачи со скршениот нос. Немаме преголем избор, повторно ќе ги вклучиме помладите и колку можеме ќе им се спротивставиме на Унгарците“  – изјави Червар.

Натпреварот меѓу Металург и Веспрем ќе се игра в недела со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.