
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Челзи се провлече, Ливерпул сигурен
- '
- Објавено: август 26, 2011 22:00
Челси повторно успеа да се извлече и да слави на „Стемфорд бриџ“, победувајќи го Норвич со 3-1, но лесно можеше да се случи „сините“ да останат и без цел плен на овој меч. Откако тимот на Андре Вилјас Боас поведе во шестата минута преку Босингва, Норвич израмни на почетокот на вториот дел, а неизвесноста беше присутна се до самиот крај на средбата. Лампард го доведе Челзи во водство со 2-1 од пенал, а новото засилување Мата стави точка на мечот во 101.минута. Натпреварот беше продолжен дури 11 минути затоа што во текот на мечот долго време му беше укажувана медицинска помош на Дидие Дрогба кој се судри со голманот на гостите, Руд.
Ливерпул продолжи со добрата форма од претходното коло, кога го совлада Арсенал на гостински терен, и сега ги израдува фановите и на „Енфилд роуд“. Совладан беше тимот на Болтон со 3-1. Хендерсон го отвори резултатот во 15 минута, а во второто полувреме голови постигнаа и Шкртел и Адама. Поразот на Болтон само го ублажи Класниќ.
Виган славеше со 2-0 над КПР со двата гола на Ди Санто, Блекбурн загуби на домашен терен од Евертон (0-1), а Астон Вила – Вулверхемптон и Свонси – Сандерленд одиграа без голови.
Утре на програмата се дуелите: Њукасл – Фулам (14 ч.), Тотенхем – Манчестер сити (14.30 ч.), ВБА – Стоук (16 ч.) и дербито Манчестер јунајтед – Арсенал (17 ч.).