Чекор напред: Карактерот поважен по поразот (фотогалерија) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Чекор напред: Карактерот поважен по поразот (фотогалерија)

Чекор напред: Карактерот поважен по поразот (фотогалерија)

Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во новиот квалификациски циклус, но во период во кој се обидува националниот тим да застане на нозе многу поважно од конечниот исход е начинот на кој ракометарките го бранеа дресот со државниот грб.

А за разлика од дуелите со Шведска од пред неколку месеци во баражот за СП, овојпат „црвено-жолтите“ целосно одговорија на предизвикот. Се играше стопроцентно од почеток до крај, а ривалот кој реално е поквалитетен дури во самиот финиш успеа да се одлепи и да стигне до победата.

Шансите за пласман на ЕП и пред почетокот на овој квалификациски циклус беа само теоретски, но карактерот што се челичи со храбра игра против поголеми репрезентации ќе помогне оваа селекција да созрее, па во иднина на вакви средби да се радуваме и на нејзини победи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.