Бундеслигата само со милионери - Кил најбогат, Вецлар на Миркуловски со буџет од 3 милиони евра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бундеслигата само со милионери – Кил најбогат, Вецлар на Миркуловски со буџет од 3 милиони евра

Бундеслигата само со милионери – Кил најбогат, Вецлар на Миркуловски со буџет од 3 милиони евра

Во пресрет на финалето од Супер купот на Германија во кое вечерва во Штутгарт за титулата ќе играат Кил и Флензбург, германската Бундес лига ги објави буџетите на клубовите за претстојната сезона. Традиционално на врвот на листата е Кил со годишен буџет од 9.5 милиони евра.

Со три пати помал буџет од германскиот шампион располагаат двата бундеслигаши со македонски ракометари во составот. Вецлар за кој настапува Филип Миркуловски има годишен буџет од 3 милиони евра, а Бдергишер во чиј состав е Ацо Јоновски годинава ќе располага со 2,8 милиони евра.

За претстојната сезона вкупниот буџет на сите 18 клубови што ќе играат во најсилната Бундес лига изнесува 74,85 милиони евра и е во благ пораст во однос на лани кога вкупниот буџет на бундеслигашите беше 73,2 милиони евра. Со просек од 4,15 милиони евра по клуб, германскиот ракомет и понатаму е број 1 во Европа. Нема промена ни во Топ 3 екипите во Германија – Кил со 9,5 милиони, Флензбург со 6,5 милиони и Некар Левен со 5,7 милиони евра. Границата од еден милион ја преминува и најсиромашниот клуб во бундеслигашкото друштво – ТХСВ Ајснах кој располага со годишен буџет од 1,85 милиони евра.

Годишни буџети во Бундес лигата:

1.Кил 9,5 милиони евра, 2. Флензбург 6,5 м., 3. Некар Левен 5,7 м., 4. ХСВ Хамбург 5,2 м., 5.Магдебург 5,1 м., 6. Гепинген 5 м., 7. Фуксе Берлин 4,5 м., 8. Гумерсбах 4,5 м., 9. Мелсинген 4,5 м., 10. Либек 3,5 м., 11. Хановер 3,2 м., 12. Лемго 3 м., 13. Вецлар 3 м., 14. Бергишер 2,8 м., 15. Балинген 2,4 м., 16. Штутгарт 2,3 м., 17. Лајпциг 2,3 м., 18. ТХСВ Ајснах 1,85 милиони евра.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.