Бугарите и Србинките најдобри на Балканското првенство во одбојка на плажа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бугарите и Србинките најдобри на Балканското првенство во одбојка на плажа

Бугарите и Србинките најдобри на Балканското првенство во одбојка на плажа

Заврши Балканското првенство во одбојка на плажа за учесници до 22 години, кое изминатиов викенд се одржа во Скопје. Многу возбуда, квалитетна одбојка и убаво дружење, а на крајот златните одличја им припаднаа на одбојкарите од Бугарија и на одбојкарките од Србија.

balkansko prvenstvo 3

Во машка конкуренција, првото место им припадна на Димитар Калчев и на Георги Стојанов (Бугарија), второпласирани беа Молдавците Еугениул Пападиул и Михаил Лузуол, а на третата позиција се пласираа Лауреан Кришан и Лусиан Бадичеану (Романија).

balkansko prvenstvo 2

Кај дамите, најдобри беа Милица Бјелански и Анџела Елшан – Јосиќ (Србија), пред Марија Идјилов и Елисавета Суслова (Молдавија), а на третото место се пласираа Валмира Рамадани и Ерона Махмути (Косово).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.