Бугарите го шутнаа Матеус - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бугарите го шутнаа Матеус

Бугарската Фудбалска Федерација денеска објави дека му бил врачен отказ на Лотар Матеус, кој не ги оправдал очекувањата како селектор на националниот тим на нашиот источен сосед. Матеус беше ангажиран како стратег што ќе ја одведе Бугарија на Евро 2012, но откако Бугарите се најдоа на четвртото место, зад Англија, Црна Гора и Швајцарија, стана јасно дека германскиот стратег не може ни приближно да ги оправда очекувањата. 

 

„Причините за отказот се доста комплексни, не станува збор само за слабите резултати туку и за уште неколку работи тесно поврзани со функционирањето на репрезентацијата. Заклучивме дека експресно треба да се извршат промени на чело на националниот тим и му ја соопштивме на Лотар Матеус нашата одлука“ – изјави Борислав Михајлов, претседателот на Бугарската Фудбалска Федерација. 

 

Медиумите кај нашиот источен сосед ја поздравија смената на Матеус, а како главен кандидат за негов наследник се споменува поранешниот голгетер на бугарската репрезентација, Љубослав Пенев. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.