Бронзен медал за ватерполистите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бронзен медал за ватерполистите

Македонскиот ватерполо спорт постигна фантастичен резултат на Универзијадата во Шенжен, Кина, каде што нашата репрезентација го освои третото место и стигна до бронзен медал. Во малото финале, Македонија беше поуспешна од ватерполо репрезентацијата на САД, победувајќи ја со 10-7 (4-1, 3-2, 1-1, 2-3).

 

Македонските делфини одиграа извонредно во првата четвртина и успеаја да го изненадат големиот противник. Го добија првиот период со фантастични 4-1, а во втората четвртина ја зголемија предноста на убедливи четири гола разлика (7-3). Во продолжението беше полесно да се чува оваа предност, па на крајот Македонија стигна до бронзениот медал на ова натпреварување.

 

Мишиќ и Калиниќ одиграа одличен натпревар и постигнаа по три гола, Ранџиќ беше стрелец на два погодоци, а Цирковиќ и Петровиќ по еднаш ја погодија мрежата на Американците.

 

Златниот медал и припадна на селекцијата на Србија која во финалето ја совлада ватерполо репрезентцијата на Русија со 11-8.          

 



Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.