„Братска“ војна на Сити парк бојс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Братска“ војна на Сити парк бојс

Кратко траеше примирјето на навивачите на Работнички, популарните Сити Парк Бојс, откако дојде до сериозен инцидент за време на денешниот натпревар против Вардар. Навидуми мирната атмосфера од почетокот на сезоната која владееше помеѓу завојуваните навивачки групи на Работнички за време на денешниот натпревар со Вардар одовно ескалираше.

Имено, за време на полувремето на натпреварот Работнички – Вардар се судрија двете групи приврзаници на Работнички, при што дојде и до физичка пресметка. Причините засега се непознати, но по се изгледа станува збор за нерасчистени сметки од ланската сезона, кога поголем дел од Сити парк бојс ги бојкотираа натпреварите на Работнички, а на нивната трибина се наоѓаа по пеесетина млади навивачи.

centar bojs

Полицијата експресно реагираше и ги извади припадниците на едната навивачка група надвор од салата, но со тоа само се предизвика дополнителен револт, така инциденот продолжи и надвор од салата. И пред кошаркарскиот храм на Работнички дојде до физичка пресметка, што придонесе десетина навивачи да бидат приведени од страна на полицијата.

Очигледно е дека добрите игри на најтрофејниот македонски клуб не се доволна причина за обединување на навивачите, чија поддршка дефинитивно им е од огромно значење на избраниците на Емил Рајковиќ. Останува да се види дали ситуацијата конечно ќе се среди или поделеноста меѓу навивачите на Работнички ќе продолжи и во преостанатиот дел од оваа сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.