Борко Ристовски: Ние најмногу сакаме медал, но ... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Борко Ристовски: Ние најмногу сакаме медал, но …

Борко Ристовски: Ние најмногу сакаме медал, но …

Македонските ракометни репрезентативци од денеска го стартуваат и официјалниот дел од подготовките за ЕП 2018 во Хрватска. Видно расположени и полни со оптимизам, ракометарите со нетрпение го очекуваат новиот предизвик, желни да испишат нови страници меѓу успесите на оваа генерација во спортската историја на нашата земја. Неизбежни се и паралелите со Светското Првенство од Хрватска во 2009 година, кога оваа генерација блесна на големата сцена.

„Ова е Европско Првенство што навраќа со мислите и со искуствата кон минатото. Тогаш по пауза од долга година Македонија повторно беше дел од едно големо натпреварување, сега веќе одиме во Хрватска како искусна репрезентација полна со настапи на европските и светските натпреварувања. Знаеме за што сме дојдени овде, што ни е целта, да ја израдуваме нашата нација со успех на ова ЕП. Тргнуваме со една мисла, да се натпреваруваме со сите, да бркаме резултат, најдобар што можеме, и да не се задоволуваме со мали работи. Прво ќе се обидеме да се пласираме во втората рунда, а потоа во секој нов меч да настојуваме да дојдеме до нова победа и што подобар пласман“ – истакнува Борко Ристовски.

Искусниот голман е реален кога станува збор за можностите, но и посочува дека тоа нема да влијае врз мотивираноста на македонските репрезентативци на дуелите во Загреб.

Сите сакаме да кажеме дека Македонија заслужува медал, но да бидеме реални ние во моментов ние не сме во првите пет репрезентации. Тоа се фактите, треба да се прифатат за да се извлече максимумот. Ние ќе треба да се надминеме себе си, да дадеме и повеќе од она што го можеме во моментов, за да се надеваме на израмнување на оној историски резултат и петтото место од ЕП во Србија. Нашето место реално е меѓу петтото и осмото место, верувам дека имаме квалитет за таков пласман. Едно да е јасно, ние најмногу од сите го сакаме тој медал на градите, но реалноста е таква да неколку репрезентации имаат повеќе шанси за неа од нас. Тоа нема да биде демотивирачко за нас, бидејќи Македонија во секој случај на секој меч против секој противник ќе оди на победа“ – порачува Ристовски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.