Херојот Борко спречи пораз на Кретеј - Екипа - Екипа
Херојот Борко спречи пораз на Кретеј - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Херојот Борко спречи пораз на Кретеј

Македонскиот репрезентативен чувер на мрежата, Борко Ристовски е херој на својот тим, француски Кретеј кој вечерва ремизираше на гостувањето кај Нимес (27-27).

Ристовски за прв пат на голот на својот тим вечерва застана во 42. минута, но тоа не му пречеше да ја има улогата на херој на натпреварот. Имено, домаќините при резултат 27-27 буквално во последната секунда добија шанса од пенал да стигнат до триумф, но македонскиот репрезентативец го запре ударот на Скачианоче и му донесе голем бод на Кретеј.

Борко на крајот го заврши мечот со пет интервенции, но важноста на неговите одбрани е добра вест за сите во Кретеј, но и за македонскиот национален тим, на чии подготовки Ристовски ќе се приклучи по неколку дена.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.