Борче Маневски потпиша за Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Борче Маневски потпиша за Вардар

Напаѓачот на Работнички, Борче Маневски, кој подолго време беше меѓу најавуваните можни засилувања на шампионот, потпиша договор на 1,5 година со најтрофејниот македонски клуб. Со тоа, тренерот Илчо Ѓорѓиоски доби уште едно квалитетно име во нападот. Конкуренцијата значително ќе се подобри, а од тоа произлегува и квалитетот.
 
 
„Маневски е ново име во нашиот табор. Очекувам да ја зголеми конкуренцијата во тимот, со него најверојатно се затвора списокот на засилувања. Не очекуваат дуелите со Бате Борисов во квалификациите од Лигата на шампионите, подготовките на Златибор минаа во најдобар ред, добро сме подготвени и останува глазурата пред европскиот предизвик“, вели за ЕКИПА, тренерот Илчо Ѓорѓиоски, најавувајќи дека в четврток Вардар ќе ја одигра „генералката“ пред ЛШ, со соседот Работнички на помошното игралиште на „романтичарите“.
 
 
Бате Борисов е добро снимен, стручниот штаб на „црвено-црните“ испрати свој човек во Белорусија, првиот асистент Добринко Илиевски, кој двапати ги следел во живо настапите на противникот.
 
 
„Имаме информации за Бате Борисов, за нивниот стил и систем на игра, иако при двете посети на Илиевски, нивниот тренер малку го измешал составот, за да ги сокрие картите. Но, сепак, запознати сме со квалитетот на противникот, се работи за одличен тим, но и Вардар секако не е без шанси“, заврши Илчо Ѓорѓиоски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.