Болт ќе трча во Загреб - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Болт ќе трча во Загреб

 Најбрзиот светски човек Усаин Болт ќе настапи на атлетскиот митинг во Загреб на 13 септември, потврдено е на интернет страната на Меѓународниот атлетски сојуз (ИААФ)

Болт по Светското атлетско првенство во јужнокорејскиот град Даегу ќе настапи на трката на 100 метри во Загреб, а три дена подоцна на митингот од Дијамантската лига во Брисел.

Директорката на митингот во Загреб, Ивана Бркљачиќ од претходно најавуваше доаѓање на Болт, а преговорите очигледно успешно завршиле.

Сопственикот на светските рекорди на 100 и 200 метри и трикратен олимписки и светски првак веќе еднаш има настапено во Загреб и тоа во 2006 година кога тогаш релативно непознатиот 19-годишен спринтер победи на трката на 200 метри.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.