
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Бојан Трајковски не патува во Кина
- '
- Објавено: јули 16, 2013 12:55
Македонската репрезентација ќе биде ослабена на претстојниот турнир во Кина откако Бојан Трајковски поради повреда отпадна од комбинација за настап на ова натпреварување. „Црвено-жолтите“ предводени од Дамјан и од Војдан Стојановски вечерва ќе патуваат на Далечниот Исток, но Трајковски нема да биде дел од македонската експедиција откако добил лекарска препорака да мирува во следниот период.
Оваа повреда по се изгледа ќе значи дека крилниот центар на Фени индустри нема да биде повикан од страна на Алеш Пипан кога станува збор за списокот на играчи за Евробаскет 2013. Марјан Србиновски, кој ќе ја предводи Македонија на турнирот во Кина, реши на местото на Трајковски да не повика нов кошаркар, па боите на нашата репрезентација на ова натпреварување ќе ги бранат единаесет кошаркари: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Горјан Марковски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Бојан Крстевски, Александар Штерјов, Синиша Аврамовски и Стојан Ѓуроски.
Нашите кошаркари в петок ќе ги одмерат силите со Црна гора, в сабота ќе се сретнат со домаќинот Кина, додека во рамките од третото коло за противник ќе ја имаат селекцијата на Исланд.