Блажевиќ не размислува за пензија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Блажевиќ не размислува за пензија

Мирослав Чиро Блажевиќ ги демантираше новинарските гласини дека е подготвен да замине во пензија и да стави крај на својата фантастична тренерска кариера. Овој 75-годишен стручњак неколку месеци е без ангажман по отказот што го доби откако со младинската селекција на Кина не обезбеди учество на ЛОИ 2012 во Лондон. Блажевиќ беше во комбинација и за селектор на сениорската репрезентација на Кина, но во последен момент ја загуби трката од Камачо. Хрватот беше споменуван дури и како можен кандидат за селектор на нашиот национален тим, но ФФМ сепак се реши за Џон Тошак. Сепак, ваквиот развој на ситуацијата воопшто не го загрижува Блажевиќ, кој ќе настојува што поскоро да му се врати на тренерскиот занает.
 
Добив понуда од клуб од Иран, но не сакам да заминам бидејќи повторно станува збор за земја што е многу далеку од Хрватска. Ќе настојувам да најдам ангажман поблизу до семејството, но дури и доколку тоа не се случи не планирам да се пензионирам. Ако нема ништо друго, ќе заминам за Иран и ќе докажам дека се уште сум елитен стручњак“ – изјави Блажевиќ. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.