БИЗНИС ЛИГА: Алкалоид убедлив, победи на МЕПСО и ЕЛЕМ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

БИЗНИС ЛИГА: Алкалоид убедлив, победи на МЕПСО и ЕЛЕМ

БИЗНИС ЛИГА: Алкалоид убедлив, победи на МЕПСО и ЕЛЕМ

___________________________________________________________________________

Бизнис – лига е независен проект и како таков се објавува на Екипа.мк. Нашата редакција нема никакви ингеренции во изборот и одредувањето на материјалите кои ќе бидат испратени

___________________________________________________________________________

Во денешните натпревари од Бизнис лигата на Македонија, победи славеа екипите на МЕПСО и ЕЛЕМ, а убедлив триумф запиша Алкалоид против ФАКОМ од 8-3.

МЕПСО во тврд натпревар до победа над Систина

МЕПСО – Систина 5-2 (1-1)

МЕПСО: Кристијан Михајловски 8’, Виктор Петровски 22’, 26’, 28’, 33’

Систина: Игор Ѓорѓиевски 17’, Никола Трајковски 34’

Крајно изедначено прво полувреме во кое и двете екипи тактички си ги одмеруваа силите. Се играше доста внимателно, не давајќи си едни на други можност да се дојде до лесен гол. На полувремето заврши нерешено 1-1. Во второто полувреме екипата на МЕПСО преку одлично организиран напад успеа да ги најде пукнатините во одбраната на Систина и дојде до водство од дури 5-1. Систина во 33’ се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот, но во тоа не успеа, па го загуби овој натпревар со 5-2.

biznis liga 2

ЕЛЕМ ја искористи подобрата физичка подготвеност во дуелот со Шпаркасе банка

ЕЛЕМ – Шпаркасе банка 6-4 (2-2)

ЕЛЕМ: Димче Димитријески 5’, 20’, 32’, Синиша Ковачевиќ 33’, 37’, Диме Милевски 33’

Шпаркасе банка: Филип Чижбановски 2’, Стојанчо Јосифоски 8’, 21’, 29’

Екипата на ЕЛЕМ натпреварот против екипата на Шпаркасе банка го започнаа со голман-играч, што и овозможи на Шпаркасе банка два пати да се најде во изгледна ситуација од која реализираше и на 4 минути до крајот на полувремето водеа 1-2. Но екипата на ЕЛЕМ успеа да го израмни резултатот и на полувремето да замине со нерешени 2-2. На стартот од второто полувреме екипата на Шпаркасе банка успеа резултатски да се одлепи, но на 6 минути пред крајот екипата на ЕЛЕМ влезе во серија со која не само што го израмни резултатот, туку и поведе со 5-4. Пред се поради подобрата физичка подготвеност ЕЛЕМ го доби овој натпревар со 6-4.

biznis liga 3

Алкалоид убедлив во дуелот со ФАКОМ

Алкалоид – ФАКОМ 8-3 (4-0)

Алкалоид: Дарко Стефков 6’, Оливер Христовски 9’, 20’, 36’, Стефан Димовски 19’, Антонио Максимовски 22’, 25’, 35’

ФАКОМ: Рефит Муртезан 34’, Бојан Симоновиќ 34’, 35’

Екипата на Алкалоид одлично го започна овој натпревар, со погодок на Дарко Стефков кој се врати после хируршки зафат на тетивата. По само неколку минути грешка во одбраната на ФАКОМ искористи Оливер Христовски, за зголемување на водството од 2-0. До крајот на полувремето Алкалоид имаше убедливо водство од 4-0. Алкалоид и во второто полувреме продолжи со одлична игра, во која се стекна со предност од 6-0. Но екипата на ФАКОМ на 5 минути пред крајот од натпреварот со 3 гола по ред се обиде да се врати во натпреварот, но Алкалоид не го дозволи тоа, па го доби овој натпревар со 8-3.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.