Битола стартува со проектот за изградба на нов стадион - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Битола стартува со проектот за изградба на нов стадион

По серијата акции на најверните навивачи на Пелистер, Битола очигледно ќе добие нов стадион откако граданочалникот на општината, Владимир Талевски денеска на прес-конференција, презентирајќи ги дел од решенијата за изгледот на новиот стадион, најави дека за четири месеци треба да заврши процесот за комплетирање на неопходната проектна документација.

Новиот стадион треба да биде со капацитет од 12.000 седишта а ќе ги задоволува комплетните услови на ФИФА и УЕФА за одигрување меѓународни репрезентативни натпревари од втора категорија како и натпревари во европските клупски натпреварувања. Планирано е да биде со атлетска патека како би се одржувале и меѓународни натпревари од овој спорт, а планирано е средување и на помошните игралишта и дополнителните спортски капацитети на „Тумбе кафе“.

„Цврсто сме решени да направиме убав стадион во Битола и затоа одлучивме да идвоиме финансиски седства – истакна Талевски.

print skrin skica

Согласно најавите набрзо треба да бидат објавени и првите тендери за изградба и реконструкција на стадионот. Изградбата би требало да стартува следната година.

Како што информираше архитектот Предраг Андонов разгледани се 11 предлог решенија за новиот стадион се со цел да се избере најдоброто со меѓународно признати квалификации.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.