Безјак: Македонците се опасни на првите средби - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Безјак: Македонците се опасни на првите средби

Безјак: Македонците се опасни на првите средби

Марко Безјак ќе ја има задачата да ги организира нападите на Словенија на претстојното ЕП, а искусниот ракометар на Магдебург со респект гледа на нашата национална селекција. Словенците ќе сторат се за уште од стартот да влезат во победнички ритам, но Безјак е свесен дека тоа нема да биде нималку лесно, на мечот во Загреб на 13 јануари против Македонија.

Македонците се квалитетни, а згора на тоа се дополнителни опасни на почетокот од турнирите, додека се свежи. Немаат преголем ростер, седум-осум играчи се навистина добри, па затоа играат најквалитетно на самиот почеток, на што ќе мораме да бидеме многу внимателни. За селектор сега го имаат и Раул Гонзалес, кој е добро познат како тренер кој одлично се подготвува за секој противник, па знаеме дека тие ќе имаат рецепт за да се обидат да ја запрат Словенија. Како и да е, верувам дека ние сме подобра екипа и дека ќе го покажеме тоа на теренот и ќе пренесеме бодови од овој триумф во втората фаза“ – изјави Безјак.

Тој порача и дека очекува словенечката репрезентација да покаже карактер и да одигра одлично на ова ЕП и покрај бројните проблеми со повредите. Габер е загубен за целото европско првенство, Кавтичник нема да настапи на стартот против Македонија, а денеска ќе биде познато дали Барселона ќе даде зелено светло за Јуре Доленец да може да се најде на финалниот список на селекторот Вујовиќ, по прегледите што ќе бидат извршени во каталонската престолнина.

Имаме проблеми со повредите, но нема да плачеме поради тоа. Сите останати, кои ќе играме во Хрватска, ќе сториме се за да ги замениме како што треба. Мислам дека ќе покажеме колективен дух, тоа ќе биде наша главна одлика на ова ЕП“ – порача 31-годишниот словенечки бек.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.