Без разлика на ЛШ, Ристовски заминува: Спортинг Лисабон со понуда до Ријека!? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Без разлика на ЛШ, Ристовски заминува: Спортинг Лисабон со понуда до Ријека!?

Без разлика на ЛШ, Ристовски заминува: Спортинг Лисабон со понуда до Ријека!?

Ријека е пред промоција во нов шампион на Хрватска, по долги години симнувајќи го од тронот најтрофејниот хрватски клуб, Динамо Загреб. Јасно е дека сега ги чека интересно лето во квалификациите за Лигата на шампионите, но како што пренесуваат хрватските медиуми крајно неизвесно е со каков состав ќе располага стручниот штаб.

Според пишувањата на Хрватите, без разлика на настапот во Лигата на шампионите, се поизвесно е дека од клубот заминува еден од тројцата најдобри фудбалери, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

„Од поодамна е познато дека Спортинг Лисабон пројави интерес за десниот бек Ристовски, а според последните информации сега има и официјална понуда до клубот. Останува да се види дали ќе успеа Ријека да го зачува барем за настапите во Лигата на шампионите, се разбира доколку се стигне до шампионската круна во Хрватска“ – пишува хрватски „Гол“.

Како што е познато, од претходно португалскиот „Рекорд“ откри дека Ристовски му е понуден на тренерот Жорге Жесус за десната бековска позиција, каде и во моментов тимот има недостиг на квалитетни решенија. Аргентинецот Езекиел Скелото ја пополнува десната бековска позиција, но тој во суштина е играч за врска, па Спортинг Лисабон е принуден да бара на пазарот ново решение. Токму Стефан Ристовски е една од опциите на Спортинг Лисабон.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.