Без проблеми за Азаренка и за Надал во Мадрид - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Без проблеми за Азаренка и за Надал во Мадрид

Најдобрата
светска тенисерка Викторија Азаренка ќе игра во четвртфиналето на турнирот во
Мадрид откако без поголеми во осминафиналната пресметка славеше со 6-4, 6-4
против српската тенисерка Ана Ивановиќ.

 

На четвртиот дуел
меѓу овие две тенисерки, Азаренка ја извојува и втората победа. Претходно
единствено славеше на Ролан Гарос во 2009 година. Белорусинката сега во
четвртфиналето ќе игра против На Ли од Кина која беше подобра од Германката
Анџелика Кербер.

 

Без поголеми
проблеми на денешната дуел на машкиот турнир славеше и Рафаел Надал кој го
совлада Русинот Николај Давиденко со 6-2, 6-2.

 

Вердаско беше
поуспешен од Фала во три сета, Французинот Гаске го совлада Србинот Виктор
Троицки со 7-5 и 6-, Жо Вилфред Цонга беше поуспешен од Харисон од САД, додека
Јанко Типсаревиќ во три сета (7-6, 6-7, 6-3) го победи Аргентинецот Дел Бонис.

Аргентинскиот тенисер Мартин Дел Потро во два сета со 6-4 и 7-6 славеше против Русинот Јужњи. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.