Бест се засили со Гајдаџиев, се чека Голубовиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бест се засили со Гајдаџиев, се чека Голубовиќ

Бест се засили со Гајдаџиев, се чека Голубовиќ

Во новата сезона Гевгелија покрај Скопје ќе биде градот од каде што ќе доаѓа повеќе од еден прволигаш во кошаркарската лига со оглед на тоа што покрај Кожув, место меѓу најдобрите обезбеди и составот на Бест. Младиот тим кој за првпат се најде во конкуренција на прволигашите во пресрет на новата сезона го доби првото засилување во името на Никола Гајдаџиев.

Новото име во Бест, Гајдаџиев  минатата сезона ја стартуваше во бугарски Левски, тим каде не доби поголема минутажа, па реши да си замине. Покрај за Левски, Гајдаџиев во  својата кариера го носеше и дресот на МЗТ Скопје и Гостивар. Во моментот прва желба  управата на Бест за агажман во клубот е срспкиот центар Мико Голубовиќ со кој што се водата завршни преговоти.

“Во новата сезона влегуваме со амбиции да го избориме опстанокот во најквалитетната лига. Со подготовки стартувавме пред два дена и засега се оди според планираното. Што се однесува до играчкиот кадар екипата воглавно ќе биде сочинета со играчите со кои што изборивме место од втора во прва лига. Приоритет ни е во моментот да ангажираме висоц центар, па за понатаму ќе видиме”– изјави тренерот на Бест, Никола Николовски за ЕКИПА.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.