Берат Јакупи: Јас требаше да бидам спортист на Македонија, а не Стојанче Стоилов! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Берат Јакупи: Јас требаше да бидам спортист на Македонија, а не Стојанче Стоилов!

Берат Јакупи: Јас требаше да бидам спортист на Македонија, а не Стојанче Стоилов!

Македонскиот каратист Берат Јакупи преку својата фан – страница на Фејсбук објави реакција на изборот за Спортист на Македонија, што се организира под закрилата на Агенцијата за млади и спорт, и Сојузот на спортови. Тој смета дека е обесправен во овој избор, и го заслужил главното признание, наместо Стојанче Стоилов.

Реакцијата на Берат Јакупи, кој освои сребрен медал на ЕП во Турција, ја објавуваме во целост…

Не можејќи јавно да се обратам на јавноста, спортистите и на лубителите на спортот преку прес-конференција (причина е моето патување во Будимпешта), ќе се потрудам да ве информирам преку мојата фан страница на фејсбук.

Вчеравечер во салата на Драмски театар се прогласија најдобрите спортисти во Македонија за 2017 година. За главната награда „Спортист на годината“, меѓу петте номинирани беше и Берат Јакупи (Јас). Според сите критеруими за избирање на најдобриот спортист во текот на 2017 година, неправедно му се дава оваа награда на еден ракометар, кој е член на еден клуб и заедно со своите соиграчи постигнаа резултат кој и не е за потценување.

Оценувањето од страна на професионалната комисија, Сојузот на федерации и Унијата на спортските новинари во одбирањето на најдобриот спортист беше еднострана и политичка. Наградата најдобар спортист на година му се доделува на спортист кој носи во Македонија медал од олимписките игри, светски или европски првенства, како член на репрезентација во одреден спорт. Ако во текот на годината нема таков резултат тогаш се земаат предвид клупските резултати во меѓународните арени и слично. Како ислустрација ќе дадам два примера:

Во 2013 година во Аргентина, и покрај сите резултати и достигнувања и награди што ги зеде Меси како играч на Барселона, за “Sportman of the Year” е прогласен Хуан Мартин Дел Порто, тенисер кој донесе олимписки медал за Аргентина. Во вториот случај, каде е тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ги освои сите престижни турнири, за спортист на годината во Србија се прогласи друг спортист, кој донесе светски медал.

Јас, Берат Јакупи, ценам дека сум обесправен и нема да толерирам позиција на инфериорност и маргинализација. Ние, спортистите се цениме и почитуваме меѓусебе и така ќе продолжиме и во иднина, но неправедностите кои доаѓаат од фрустрирани луѓе или одредена група, ќе ги објавиме.

Пријателски,

Берат Јакупи

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.