Бебешко: Среќата и традицијата се на страна на Загреб - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бебешко: Среќата и традицијата се на страна на Загреб

Бебешко: Среќата и традицијата се на страна на Загреб

ЕКИПА во Вараждин
Цаци Ристановска, Роберт Спасовски

Ракометарите на Мешков Брест имаа сила да го издржат налетот на актуелниот првак во регионалното друшво, но спортската среќа беше на страната на Веспрем во пенал завршницата. Тренерот на клубот од Белорусија не е задоволен со конечниот исход, но смета дека и борбата за третото место и евентуалната бронза во СЕХА е од големо значење за неговиот клуб.

„Сигурно ќе беше подобро да играме за прво место, но тоа е тоа. Оваа година двапати загубивме од Загреб во СЕХА и денес ќе се обидеме да победиме. Знаеме дека ќе биде тешко бидејќи Загреб игра на домашен терен и навивачите им се од голема помош. Ќе се потрудиме да играме добро како и вчера. И третото место во СЕХА лигата ќе ни биде доволно“ – вели Сергеј Бебешко.

„Си ја завршивме добро работата, но фалеше малку мотив за да ставиме убав крај на приказната. Со Загреб играме а трето и ќ се обидеме да се подготвиме добро. Треба да ја повториме играта од вчера за нов медал“ – дополни  Иван Пешиќ.

Меѓусебната историја е на страна на Загреб, со две победи во регуларниот тек на сезоната, па домаќините сметаат дека и утре ќе добијат уште една реприза.

„Се надевам дека ќе јги повториме победите над Мешков од досегашното првенство. Играчите се прилично уморни од вчера, па денес денот ќе го искористиме за одмор. Се надевам дека и помошта од публиката ќе ни биде поддршка и мотив за нова победа“ – додаде асистентот на Загреб, Андрија Николиќ кој ќе го заменува Веселин Вујовиќ кој поради обврски со словенечката репрезентација мораше порано да го напушти турнирот во Вараждин.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.