Батон одличен на тријатлонот на Хаваи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Батон одличен на тријатлонот на Хаваи

Поголемиот дел од возачите во Формула 1 шампионатот ја користат тринеделната пауза меѓу трките во Малезија и во Кина за да се одморат и да се фокусираат за следните предизвици, но тоа не важи и за Џенсон Батон. Победникот на премиерната трка за Големата Награда на Австралија го искористи своето слободно време за да отпатува на Хаваи и таму да учествува во традиционалната трка во тријатлон. 

 

Станува збор за трка што се состои од пливање на 1,5 километар долга патека, потоа 40 километри возење на велосипед и за крај, трка од десет километри. Иако станува збор за максимално напорно натпреварување, Батон уште еднаш покажа дека е фантастично подготвен на физички план. Тој го освои првото место во својата возрасна група и беше шестопласиран во генералниот пласман, уште еднаш потврдувајќи ја својата сестраност како спортист. 

 

За некои луѓе ова претставува напор, за мене е задоволство да учествувам на тријатлонски трки. Станува збор за навистина фантастично натпреварување, преку кое што редовно запознавам нови пријатели“ – задоволно коментираше британскиот Ф-1 возач по завршувањето на тријатлонската трка на Хаваи. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.