Басконија го понижи Фенербахче - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Басконија го понижи Фенербахче

Басконија го понижи Фенербахче

Басконија го декласира тимот на Фенербахче во Евролигата, победувајќи на домашен терен со 86-52. Перо Антиќ и останатите кошаркари на Жељко Обрадовиќ сигурно долго ќе го паметат овој пораз во Шпанија, со оглед дека одиграа далеку под своите можности.

Басконија ја доби првата четвртина со 14-11, а потоа експлодираше во втората (27-13) и на полувреме замина со убедлива предност. Потоа разликата само се зголемуваше, а Фенербахче едвај ја префрлија и „педесетката“ на овој дуел.

Перо Антиќ беше стрелец на четири поени, а ниту еден кошаркар на Фенербахче не постигна двоцифрен број на поени. Басконија ја предводеа Ларкин, Барњани и Воигтман со по 13 постигнати кошеви.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.