Барса во офанзива: По Кутињо, на „Камп ноу“ пристигнува и дефанзивец - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Барса во офанзива: По Кутињо, на „Камп ноу“ пристигнува и дефанзивец

Барса во офанзива: По Кутињо, на „Камп ноу“ пристигнува и дефанзивец

Само неколку часа по претставувањето на Филипе Кутињо, Барселона постигна договор со Палмеираш за услугите на нивниот деанзивец Јери Мина. Каталонскиот гигант ќе исплати околу 15 милиони евра, мал процент од тие средства ќе добијат претходните клубови на Мина, Санта Фе и Депортиво паста.

Бројни бразилски медиуми тврдат дека преговорите се завршени и се чека потпис на фудбалерот, а сето тоа ќе се случи во текот на следните неколку дена, додека се очекува Колумбиецот уште утре да пристигне во Барселона и да ги обави медицинските прегледи.

Барса претходно имаше постигнато договор да го доведе Мина по крајот на оваа сезона за 10 милиони евра, но разделбата со Хавиер Маскерано го остави Валверде без многу опции во одбраната, па затоа на понудата додадоа пет милиони евра за да го откупат во овој преоден рок.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.