
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Барса и Милан во иста група
- '
- Објавено: август 24, 2011 22:00
Двата европски гиганти Барселона и Милан беа извлечени во истата Х група на ждрепката за главната фаза од Лигата на шампионите. Иако по првите два шешира се чинеше дека токму ова ќе биде „група на смртта“, Барса и Милан за противници ги добија уште и екипите на Бате Борисов и на Плзењ, па јасно е дека шпанскиот и италијанскиот гигант не би требало да имаат никакви проблеми да стигнат до осминафиналето од елитното европско натпреварување.
Најинтересно се очекува да биде во групата А, каде Баерн Минхен како носител ќе има многу тешка задача во пресметките со Вилјареал, Манчестер сити и со Наполи.
Доколку остане во Интер, Горан Пандев ќе има можност во Лигата на шампионите да се сретне со екипите на ЦСКА Москва, Лил и Трабзон, турскиот тим што во последен момент го замени дисквалификуваниот Фенербахче. Вториот Македонец во Лигата на шампионите, Иван Тричковски, со составот на АПОЕЛ беше извлечен во групата Г, заедно со Порто, Шахтјор и Зенит.
Хуан Мата пред само неколку дена од Валенсија премина во Челси, но ќе има можност во дресот на англискиот гигант да се сретне токму со својот поранешен клуб. Покрај Валенсија и Челси, во групата Е ќе се натпреваруваат и Баер Леверкузен и Генк.
Динамо Загреб доби три атрактивни противници, ако се знае дека во следните неколку месеци на „Максимир“ ќе допатуваат Реал Мадрид, Лион и Ајакс.
Група А: Баерн Минхен, Виљареал, Манчестер Сити, Наполи
Група Б: Интер, ЦСКА Москва, Лил, Трабсонзпор
Група Ц: Манчестер Јунајтед, Бенфика, Базел, Отелул
Група Д: Реал Мадрид, Лион, Ајакс, Динамо Загреб
Група Е: Челси, Валенсија, Баер Леверкузен, Генк
Група Ф: Арсенал, Марсеј, Олимпијакос, Борусија Дортмунд
Група Г: Порто, Шахтјор, Зенит, АПОЕЛ
Група Х: Барселона, Милан, БАТЕ Борисов, Плзењ