Барса го освои Суперкупот на Европа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Барса го освои Суперкупот на Европа

Фудбалерите на Барселона го освоија Суперкупот на Европа и со трофеј го најавија почетокот на новата сезона. На дуелот во Монако, Каталонците го совладаа Порто со 2-0 со головите на Лионел Меси и на Цеск Фабрегас.     

 

Средбата многу подобро ја отвори екипата на Порто. Во воведните минути португалскиот тим се закани преку Хулк и Жоао Мутињо, а Барселона првата шанса ја имаше во деветтата минута кога Педро се обиде да лобува, но безуспешно. Европскиот првак дојде во водство во 38 минута, кога Лионел Меси доби подарок од Гуарин, излезе сам пред голманот на Порто, Хелтон, го надмудри со одличен дрблинг и ја упати топката во празната мрежа.

 

Порто прв се закани и во вториот дел. Гуарин упати удар од 25 метри, но Виктор Валдес успеа да одбрани. Возврати Барса преку Педро, Вилја и нововлезениот Санчез, но мрежите мируваа се до самиот финиш. Тогаш Лионел Меси фантастично го проигра Цеск Фабрегас, кој во 87 минута го постигна вториот гол за Каталонците. Две минути претходно, црвен картон заработи Роландо, а во самата завршница беше исклучен и Гуарин.      

 

     

 

 

B

Portove nade u poravnanje rezultata u potpunosti su nestale nakon sto je u 85. minuti drugi zuti karton zaradio Rolando, a Barcelona je povela 2:0 dvije minute kasnije. Strijelac je bio Fabregas, a asistirao mu je Messi.

Nedugo kasnije i drugi igrac Porta bio je prisiljen napustiti travnjak. Sudac je pokazao Guarinu drugi zuti karton nakon grubog prekrsaja na Mascheranu te je Porto okoncao susret s devet igraca na travnjaku.

Europski Superkup: Barcelona – Porto 2:0 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.