Баражи за Втора лига: Љубанци сигурен, Академија Пандев со триумф против Гоблен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Баражи за Втора лига: Љубанци сигурен, Академија Пандев со триумф против Гоблен

Баражи за Втора лига: Љубанци сигурен, Академија Пандев со триумф против Гоблен

Фудбалерите на Академија Пандев се на добар пат од следната сезона, за првпат од своето формирање, да се најдат во Втората македонска фудбалска лига, откако во првиот натпревар од бараж дуелите за пополнување на второлигашката конкуренција славеа со 2-1 против екипата на Гоблен.

На дуелот кој се играше во Кочани, Академија Пандев до триумфот дојде со пресврт, откако Гоблен поведе рано на средбата со голот на Заид Мемети. Со автогол на противникот, Академија Пандев најпрво израмни, а потоа дојде до победата со погодокот на Зоран Златковски, а на асистенција на Филип Деспотовски.

Akademija Pandev 2

Љубанци, пак, е многу блиску до останување во Втората лига откако со 3-1 славеше против Новаци на натпреварот во Кичево. Досегашниот второлигаш, до значајниот триумф од 3-1 дојде благодарение на хет-трикот на Дестан Хаџија, кој погоди во 10., 54. и 89. минута од средбата.

Третиот бараж натпревар ќе се игра откако претходно ќе се преигра спорниот натпревар меѓу Скендербеу и Речица, кој треба да го одреди победникот во Третата лига Запад. Доколку продолжат несогласувањата, можно е, на крај, Вардар Неготино службено да оди во Втората лига од следната сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.