Бадштубер паузира две недели - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бадштубер паузира две недели

Баерн
Минхен го загуби својот прв натпревар
во Бундес-лигата сезонава, но дополнителен
проблем за тренерот Хејнкес по мечот
со Баер Леверкузен претставува повредата
на Холгер Бадштубер. Овој 23-годишен
дефанзивец настапи на сите натпревари
на Баерн оваа сезона, но поради кинење
на мускулни влакна за време на дуелот
со „фармацевтите“ сега ќе мора да
отсуствува најмалку две недели од
терените.


Холгер
е еден од нашите најзначајни фудбалери
бидејќи одлично се снаоѓа и како централен
дефанзивец и како лев бек. Сега ќе мораме
да се снаоѓаме без него, се надевам дека
фудбалерот што ќе добие шанса адекватно
ќе го замени
“ – изјави Јуп Хејнкес.


Оваа
повреда значи дека Бадштубер ќе го
пропушти мечот од Купот на Германија
против Кајзерслаутерн, средбите од
Бундес-лигата против Хамбургер и
Ајнтрахт, како и натпреварот од четвртото
коло во Лигата на шампионите против
Лил.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.