Бабунски му го скрои списокот на Тошак - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Бабунски му го скрои списокот на Тошак

 Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Џон Тошак, со асистенција на Бобан Бабунски, го објави првиот список на фудбалери откако го презема кормилото, најавувајќи дека за квалификациските мечеви со Русија и со Андора ќе смета на 22 репрезентативци. На него се наоѓаат голем дел од стандардните репрезентативци како Горан Пандев, Горан Попов, Николче Новески, Величе Шумуликоски, Иван Тричковски, но има и неколку повратници и нови имиња. Од повратниците во националниот тим има место за Влатко Грозданоски, Роберт Петров и за Владе Лазаревски, а новаците повикани се Мухамед Усеини од Шкендија, Муарем Муарем од Работнички, Даниел Георгиевски од Шибеник, како и Самир Фазли од Херенвен и Мирко Ивановски од Арка (Полска).

Во стручниот штаб на Џон Тошак ќе биде и Бобан Бабунски, како и Тошак Камерун и Ибраим Османи, а тренер на голманите ќе биде Гого Јовчев. Во медицинскиот тим се докторот Виктор Камиловски и физиотерапевтот Бојан Цаневски.

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат на 28 август во 20 часот во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје, а првиот тренинг ќе го имаат в понеделник во 10 часот.

На списокот на Џон Тошак за квалификациските натпревари со Русија и со Андора, повикани се следните репрезентативци:

1. Пачовски Томе – Жерминал Бершот / Белгија

2. Богатинов Мартин – Карпати / Украина

3. Георгиевски Даниел – Шибеник / Хрватска

4. Попов Горан – Динамо Киев / Украина

5. Лазаревски Владе – Амиен / Франција

6. Шиков Ванче – Волин / Украина

7. Мојсов Даниел – Војводина/Србија

8. Митрески Игор – Нефчи / Азербејџан

9. Новески Николче – Мајнц / Германија

10. Петров Роберт – Азал / Азербејџан

11. Демири Мухамед – Тун / Швајцарија

12. Муарем Муарем – Работнички / Македонија

13. Усеини Мухамед – Шкендија / Македонија

14. Тасевски Дарко – Левски / Бугарија

15. Шумуликоски Величе – Новосибирск/Русија

16. Грозданоски Влатко – Вардар / Македонија

17. Хасани Ферхан Шкендија / Македонија

18. Пандев Горан – Интер/Италија

19. Фазли Самир – Херенвен / Холандија

20 Тричковски Иван – Апоел/Кипар

21. Ибраими Агим – Марибор / Словенија

22. Ивановски Мирко – АРКА / Полска    

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.