Австралија опен и без најдобрата тенисерка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Австралија опен и без најдобрата тенисерка

Австралија опен и без најдобрата тенисерка

Неполни 24 часа откако Енди Мареј објави дека нема да биде дел од Австралија опен, утрово истото го стори и најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс. Американката извесно време е надвор од терените  од семејни причини, во септември го роди своето прво дете, а откако пред неколку дена настапи во Абу Даби денеска обелодени дека сепак нема да учествува на првиот гранслем турнир за 2018 година.

Многу сум близу до топ-форма, но на турнирот во Абу Даби увидов некои работи што ќе треба да ги корегирам. Можам да учествувам и да играм добро, но секогаш велев дека ќе играм само на оние турнири на кои можам да победам. Сега тоа не е случај и затоа ќе продолжам со напорни тренинзи“ – изјави Вилијамс.

Американката е актуелна шампионка на Австралија опен од минатата година и неиграњето ќе значи одземање на 2.000 бода од ВТА-листата, на која Серена моментно се наоѓа на 22. позиција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.