Арсова и Ристовски го освоија Ама Даблам! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Арсова и Ристовски го освоија Ама Даблам!

Македонските
алпинисти
Илина Арсова и Илија Ристовски забележаа уште еден извонреден подвиг на
македонскиот спорт
развиорувајќи го нашето национално знаме на 6.812 метри надморска височина на еден од најстрмните врвови на светот, Ама Даблам!


Експедицијата на
Хималаите
од
која нашите алпинисти се вратија пред три дена
траеше
еден месец при што чекор по чекор,
врзани на јаже поради екстремните услови, по
цел еден
месец го освоиле Ама Даблам
.

 

“Овој врв е специфичен и поради неговата тежина
на техничко искачување. Тој е доста стрмен, во една пирамидална форма. На некои
им е познат Алпскиот врв Матерхорн…овој врв што го искачивме Ама Даблам е
познат како Хималајски Матерхорн, само што е 2 000 метри повисок
. Самиот
амбиент го одзема здивот. Човек ќе размисли два пати дали сака ноќта да ја
помине таму затоа што ако ти текне да излезеш од шаторот вечерта, мора да бидеш
на јаже осигуран затоа што од сите страни е провалија”
вели
Илина Арсова
во изјавата за националната
телевизија Канал 5, а на која се надоврзува и Илија Ристовски.

 

Бевме подготвени за оваа експедиција, но сепак
беше нова средина за нас, се качувавме на карпа и мраз
. Базниот камп е на 4.800 метри. После има други кампови кои се
буквално во хоризонтала на планината”
– дополнува Илија Ристовски во сторијата на Канал 5.



Илина и Илија досега ги освоиле врвови на пет континенти од Кина до Јужна Америка. Арсова е и првата жена која се искачила на врвот
Аконкагва
, а следниот предизвик како што велат им е Покривот на светот. Експедицијата за освојување на 
8.848 метри на Монт Еверест почнува во април 2012.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.