Анжи му нуди богатство на Ето - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Анжи му нуди богатство на Ето

Самуел Ето ќе стане најплатен светски фудбалер доколку челниците на Анжи успеат да се договорат со Интер за трансферот на камерунскиот интернационалец.

Имено, амбициозниот руски клуб е подготвен да му даде на Ето неверојатен четиригодишен договор за плата од 20 милиони евра по сезона. Со тоа Камерунецот би ги минал Ибрахимовиќ, Роналдо и Меси на листата на најплатени светски фудбалери. Ако се знае дека Ето веќе има 30 години, јасно е дека ова е можеби последна шанса за искусниот голгетер добро да ги наплати своите фудбалски квалитети. Затоа, за очекување е тој да инсистира челниците на Интер да ја прифатат понуда од 30 милиони евра што Анжи веќе ја испрати до „нероаѕурите”.

Масимо Морати не крие дека би сакал да го задржи Ето како лидер на нападот за следната сезона, но првиот човек на Интер би можел да го смени ставот доколку Камерунецот самиот поднесе барање за трансфер. Во една таква ситуација Ето би бил продаден во Русија, а парите од неговиот трансфер би биле искористени за ангажман на Карлос Тевез од Манчестер сити. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.