Антиќ за магазинот на Евролигата: Првата тетоважа ја добив во 2001 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Антиќ за магазинот на Евролигата: Првата тетоважа ја добив во 2001 година

Антиќ за магазинот на Евролигата: Првата тетоважа ја добив во 2001 година

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ доби посебно место во магазинот на Евролигата, а тема беа многубројните тетоважи на неговото тело. Тој објасни дека првата тетоважа ја добил пред 15 години, а досега речиси целото тело му е покриено со разни тетоважи.

„Првата тетоважа ја изработив во 2001 година, и оттогаш мина многу време, и јас имам многу други тетоважи. Сите имаа свое посебно значење, дел се поврзани со мојот живот и моето семејство, а дел и како спомен за клубовите од Евролигата каде што настапував. Имам истетовирано и зборови од Нелсон Мандела. Имам тетоважи и на грбот, кои и сум заборавил дека ги имам. Понекогаш само ќе ги погледнам на огледало“, вели меѓудругото Перо Антиќ.


Тој оваа сезона е член на Фенербахче и ќе се обиде со турскиот клуб да стигне до нов трофеј во Евролигата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.