Антиќ вчера тренираше првпат по три дена поради болки во коленото, но ќе игра со Црногорците - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Антиќ вчера тренираше првпат по три дена поради болки во коленото, но ќе игра со Црногорците

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, ќе стегне заби и ќе игра на денешниот премиерен натпревар на Евробаскет 2013, иако има проблеми со коленото. Поради тоа, тој бил поштеден од селекторот Алеш Пипан и не тренирал во изминатите три дена, што се чувао во тајност, се до вчера, кога ги издржа двата тренинга на македонскиот национален тим и се очекува денеска (17.45 часот) да ги предводи „црвено-жолтите“ во битката против селекцијата на Црна Гора.
 
 
„Имаме проблеми, со Перо Антиќ. Тој не тренираше во изминатите три дена, пропушти вкупно пет тренинзи, но, сега се враќа и ќе игра на натпреварот со Црна Гора. Не очекува ѓаволски тежок натпревар“, истакна селекторот Пипан.
 
 
 
Премиерата е секогаш најважна. И ние и противникот имаме свои адути, а наша најголема енигма во составот на Црногорците сигурно ќе биде новиот плејмејкер Тајриз Рајс.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.