Антиќ: По Евробаскет 2011 само и пречам на репрезентацијата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Антиќ: По Евробаскет 2011 само и пречам на репрезентацијата

Антиќ: По Евробаскет 2011 само и пречам на репрезентацијата

Македонската кошаркарска репрезентација и дефинитивно на претстојниот европски шампионат нема да може да смета на услугите на Перо Антиќ, откако единствениот НБА-играч од нашата земја уште еднаш потврди дека нема намера да се враќа во националниот тим. Претставниците на Македонската кошаркарска федерација се надеваа дека би можеле да го сменат ставот на Антиќ, чие искуство ќе беше добредојдено, но овој кошаркар во интервју за српското издание на весникот „24 Сата“ потврди дека своето место во репрезентацијата им го препушта на помладите, за кои има само пофални зборови.

Имам 33 години и сметам дека по Евробаскет 2011 само и пречам на репрезентацијата. Време е за смена на генерации, имаме млади кошаркари кои навистина заслужуваат да го носат дресот на Македонија и не би било фер да им го земам местото во тимот. Згора на тоа, имав три операции и се наоѓам на крајот од кариерата, па сметам дека имам сторено доволно за националниот тим. Минатата година момците изборија одличен пласман, а годинава можат да бидат само подобри“ – изјави Антиќ за „24sata.rs“.

Кошаркарот на Атланта хоукс уште еднаш повтори дека би сакал пред крајот на кариерата повторно да го облече дресот на својот омилен клуб Црвена звезда.

Идеален крај на кариерата би било да се вратам во Црвена звезда и со овој тим да се искачам на врвот на Европа“ – истакнува Антиќ, кој се наоѓа во Белград како дел од кампот „Суперстарс баскетбол“ што го организира неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.