Антиќ и „црвено-белите“ немоќни против ЦСКА Москва, Олимпијакос славеше во Истанбул - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Антиќ и „црвено-белите“ немоќни против ЦСКА Москва, Олимпијакос славеше во Истанбул

Антиќ и „црвено-белите“ немоќни против ЦСКА Москва, Олимпијакос славеше во Истанбул

ЦСКА Москва како казнена експедиција помина низ Белград, совладувајќи ја Црвена Звезда со 59-85. Перо Антиж и соиграчите немаа никаква шанса на овој меч, со оглед дека избраниците на Итудис по првиот период обезбедија двоцифрена предност (10-22), а потоа и ја зголемија до полувремето (27-44). Беше јасно дека ЦСКА Москва ќе слави убедлив триумф.

Перо Антиќ беше еден од позабележителните кошаркари кај „црвено-белите“ со девет постигнати поени, а најмногу уфрли Тејлор Рочести – 15. Кај „армејците“, Нандо де Коло беше најефикасен со 16 постигнати поени.

Во репризата на финалето на Ф4 турнирот од минатата година, Олимпијакос му се реваншираше на Фенербахче и по продолжение го совлада во Истанбул со 83-90. Брајант Робертс со 21 поени и Јоргос Принтезис со 18 поени беа предводници на грчкиот состав на овој дерби дуел. Кај Фенербахче, најефикасен беше Џејмс Нанали со 22 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.