Антиќ го доби судскиот спор со ФСС - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Антиќ го доби судскиот спор со ФСС

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Радомир Антиќ, излезе како победник во судскиот спор со ФСС на Арбитражниот суд за спорт во Лозана и треба да добие отштета од околу 2 милиони евра, известува српскиот портал „мондо“. Тој доби отказ пред истекот на договорот, со образложение од ФСС дека поради казната на ФИФА за забрана на водење на репрезентацијата од четири меча, тој  не можел да седи на клупата на националниот тим. Антиќ беше со став дека и покрај оваа суспензија, тој можел да ја извршува селекторската улога.
 
 
Пред мундијалот во Јужна Африка, ФСС и Антиќ потпишале договор за месечна плата од 100.000 евра, но после шампионатот раководните луѓе на српскиот фудбал се обидоа да го ревидираат овој договор, на месечна плата за Антиќ од 70.000 евра. Радомир Антиќ на ова не се согласи, а ФСС му даде отказ со обрзложение дека тој не може да ја извршува селекторската улога на четири од десетте натпревари во квалификациите за ЕП 2012. Сепак, Арбитражниот суд за спорт во Лозана, пресуди во корист на поранешниот селектор, известува српскиот портал „Мондо“.     
 
 
Како што е познато, и поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз најави дека ќе поднесе тужба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, со барање за отштета од 150.000 евра од ФФМ поради предвремено раскинување на потпишаниот договор.      

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.