Антиќ до Мекејлеб: Мојот брат Бо се врати каде што припаѓа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Антиќ до Мекејлеб: Мојот брат Бо се врати каде што припаѓа

Антиќ до Мекејлеб: Мојот брат Бо се врати каде што припаѓа

Една од првите честитки за НБА ангажманот на Лестер Бо Мекејлеб во Њу Орлеанс, пристигна од поранешниот репрезентативен соиграч Перо Антиќ со кого заедно ја прославија Македонија на Европското првенство во Литванија.

Мекејлеб ќе биде вториот македонски репрезентативец, токму по Антиќ, кој ќе заигра во НБА лигата…

„Честитки до мојот брат Бо Мекејлеб за потписот со Пеликанс. Херојот се врати во родниот град, таму каде што припаѓа“ – напиша Антиќ на својот Твитер профил.

Перо Антиќ изминативе две сезони настапуваше за Атланта Хоукс, а сезонава се врати на Стариот континент во дресот на турски Фенербахче.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.