Ангеловски горд на бисерите на Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ангеловски горд на бисерите на Работнички

 Спортскиот директор на Работнички, Игор Ангеловски, на прес-конференцијата по натпреварот уште еднаш го искажа задоволството поради извонредните настапи на овој млад тим во европските купови ова лето. 

 

Морам да кажам дека имаме за што да бидеме горди и по овој натпревар. Одигравме уште еден квалитетен меч и покажавме дека и во Македонија може да се игра квалитетен фудбал, дека имаме млади играчи кои што достојно ќе му се спротивстават дури и на тим како Лацио. Тоа е уште една потврда дека Работнички се наоѓа на вистинска патека, дека одлуката да инвестираме во младинската школа е полн погодок и очекувам да продолжиме да се движиме во иста насока“ – изјави Ангеловски. 

 

За спортскиот директор на Работнички талентираните фудбалери и нивниот натамошен развој е поважно дури и од борбата за шампионски трофеј во домашното првенство. 

 

Сите играат за да освојуваат трофеи, но за мене е многу поважно да создаваме квалитетни фудбалери. Ќе освоиме трофеј и тој ќе стои во витрините, но многу поголемо задоволство ќе ми причинува да го гледам Столе Димитриевски како член на Удинезе, и оние што ќе го следат неговиот пат, отколку погледите да ми бидат насочени во клупските витрини. Ние имаме фудбалски бисери во своите редови и тие се мојата гордост, поголема од било што друго -дециден е Ангеловски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.