Андреј Стојановски го освои 7. место на 400 метри мешано на Светското првенство за глуви - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Андреј Стојановски го освои 7. место на 400 метри мешано на Светското првенство за глуви

Андреј Стојановски го освои 7. место на 400 метри мешано на Светското првенство за глуви

Македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои 7. место во дисциплината 400 метри мешано на Светското првенство за глуви кое се одржува во Сан Антонио, Тексас, САД.

Кај Стојановски постоеше желбата за медал во оваа дисциплина, но на крајот не успеа да стигне до одликувањата. За него, според неговиот тренер Марјан Соколовски, најголеми се шансите за медал во дисциплината 1500 метри слободно.

Стојановски, минатата година на Европското првенство за глуви го освои 4. место, а на Олимписките игри за глуви (ДЕФЛИМПИКС) во Софија 2013 година исто така беше четврти. Со тој успех ја доби наградата на АМС , најуспешен спортист на Македонија во категоријата за инвалиди, и статусот на “Спортист од светска категорија“.

На ова првенство ќе настапи и во дисциплините 400 метри слободно и 200 метри пеперутка.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.