Андреев ги презеде тренинзите на Вардар, Самоил Симев ќе биде извршен директор?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Андреев ги презеде тренинзите на Вардар, Самоил Симев ќе биде извршен директор?!

Фудбалерите на Вардар од денеска имаат нов тренер, Русинот Сергеј Андреев, кој утре и официјално, на прес – конференција, ќе биде претставен во јавноста. Како раководен адут на новиот сопственик Сергеј Самсоненко, на функцијата извршен директор на ФК Вардар, треба да биде именуван анонимниот Самоил Симев, кој досега беше кадар во РК Вардар.

mitev i samoil

Сергеј Андреев, заедно со својот асистент Саша Илиќ, ја презеде работата со екипата, на помошното игралиште на Локомотива, каде што „црвено-црните“ се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната.

vardarci 1

На тренинзите се појави и Влатко Грозданоски, кој се пожали на повреда на коленото на пријателскиот натпревар со ФК Скопје, а присутни беа и новите засилувања Александар Трниниќ и Анеј Ловречич. Засега, Илчо Наумоски веќе активно се приклучува во тренинг процесот со првиот тим по првиот дел издвоени подготовки.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.