Андреа Лекиќ успешно оперирана во Финска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Андреа Лекиќ успешно оперирана во Финска

Андреа Лекиќ успешно оперирана во Финска

На Андреа Лекиќ денеска успешно и беше извршен хируршки зафат на Ахиловата тетива на десната нога. Операцијата беше извршена во „Нео Хоспитал“ во Турку, Финска, објави официјалниот сајт на ЖРК Вардар.

Средниот бек на ЖРК Вардар подолго време имаше проблеми со тетивата, а ситуацијата посебно се влоши за време на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта. Лекиќ почувствувала посериозна болка по полуфиналето со ЧСМ Букурешт, а потоа мечот за 3.место против Будуќност го следеше од клупата.

На Лекиќ сега и претстои период на рехабилитација од околу два месеци, а потоа ќе може да се приклучи во подготовките на ЖРК Вардар за новата сеозна, кои ќе стартуваат на крајот на јули.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.