
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Андон Бошковски помошник на Вујовиќ
- '
- Објавено: август 18, 2011 22:00
Андон Бошковски во
претстојната сезона ќе му биде помошник на Веселин Вујовиќ на клупата на Вардар
про. Во изминатите неколку сезони, Бошковски беше дел од стручниот штаб на
актуелниот првак Металург. Но, тој не се вклопуваше во плановите на тренерот
Лино Червар и пред почетокот на подготовките за новата сезона беше ослободен од
обврските во тимот од Автокоманда.
Ваквата ситуација во Металург
иницираше негова преселба во ривалскиот табор под Кале. Покрај клупскиот
ангажман во Вардар про, Бошковски останува и помошник тренер на селекторот
Звонко Шундовски во стручниот штаб на македонската репрезентација пред настапот
на ЕП 2012 во Србија.
Покрај тренерот Бошковски
од ланскиот состав на Металург, летово во Врадар про се пресели и бекот Филип
Лазаров, а постои интерес кај „црвено-црните„ да дојде и репрезентативниот
пикер Стојанче Стоилов. Тој исто така не е по вкус на Червар. Лани Стоилов беше
на позајмица во Романија, а годинава не доби
место во стручниот штаб на Металург.