Ана Ивановиќ: Сакам да се вратам во Топ 10 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ана Ивановиќ: Сакам да се вратам во Топ 10

Српската
тенисерка Ана Ивановиќ изјави дека целта за следната сезона и е враќање меѓу
десет најдобри на светот.

 

„Тренерот Најџел
Сирс и јас добро работевме оваа година. Направивме добар напредок, што се гледа
и по подобриот пласман, По долго време стигнав и до четвртфинале на некој Гренд
слем турнир. Чуствувам дека сум добро позиционирана како би стигнала до целта,
а тоа е враќање во Топ 10 во првиот дел од следната година, а потоа да видам
колку далеку може да стигнам“
– вели Ивановиќ.

 

Србинката
објаснува дека и било потребно доста време да најде вистински тренер за себе.

 

„Во 2013 сакам поголема константност. Мислам дека добро одиграв неколку
важни мечеви изминатава година, како мечот со Вознијацки во Индијан Велс, но
имав и разочарувачки резултати. Сега дефинитивно одам во добра насока. Правев
некои избори околу тренер во минатото кои не беа правилни. Ме чинеа самодоверба
и се останато. Но, мислам дека некои работи се случуваат со причина и тоа беше
моја грешка, но и на некои други. Сега сум среќна што најдобар вистински тренер
и што не се откажав, затоа што ми беше многу тешко во одредени моменти. Нашата
работа е малку чудна бидејќи ангажираме тренери, па со самото тоа сме и шефови,
иако тренерите се тие кои ни кажуваат како да работиме. На некои мажи тешко им
е да прифатат работни обврски од девојка, затоа мислам дека постои голема
разлика меѓу тенисер и тренер, и тенисерка и тренер“
– вели моментално 13-та тенисерка во светот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.