АМС: Да навиваме од срце за нашите репрезентации - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

АМС: Да навиваме од срце за нашите репрезентации

Агенцијата за млади и спорт на РМ пред претстојните учества на националните тимови на нашата земја во ракомет во рамки на Европското
првенство во Србија и во ватерполо во рамки на Европското првенство во
Холандија на сите ракометари и ватерполисти кои ја заслужија честа да бидат
оние кои на најмладите генерации спортисти од нашата земја, оние кои на
европските и светски борилишта го бранат македонскиот дигнитет, како што тоа го
чинеле и ќе го чинат споменатите македонски претставници на националниот
ракометен тим и националниот ватерполо тим, вклучително на стручниот тим кој ќе
ги предводи и, секако, на Ракометната федерација на Македонија и Пливачката
федерација на Македонија, да им посака успешен настап на ов
ие спортски натпреварувања со желба дека на сите
граѓани на Република Македонија ќе им го пренесат чувството на значење и
вредност на спортскиот пиедестал во насока на афирмација на Македонија, што за
нив треба да

претставува мотив сам по себе.

 

Истовремено,
ја користиме оваа прилика да апелираме и до сите навивачи и поддржувачи на
националниот ракометен тим и националниот ватерполо тим, секаде каде истиот
ќе има свој настап, достојно да го бодрат, со што ќе дадат пример за
вистинските спортски вредности, каде што навивањето и однесувањето на
сопствените поддржувачи е еден од чинителите за давање одраз за својата земја.

 

Агенцијата за
млади и спорт ги охрабрува двата национални тимови, ракометарите и
ватерполистите, да играат со срце за Македонија и да ги бранат боите на
Македонија, а Агенцијата како и секогаш ќе го слави и вреднува секој успех на
спортистите, кој е успех и на нацијата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.