Американците се „релаксираа“ па си „поиграа“ со Турција, Шпанија лесно со Египет - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Американците се „релаксираа“ па си „поиграа“ со Турција, Шпанија лесно со Египет

Американскиот „дрим-тим“ наиде на силен отпор едно полувреме од Турција на вториот свој натпревар на Мундобаскетот во Шпанија, но потоа ја покажа сета своја моќ за триумф од 98-77.

Турците играат навистина добро во првото полувреме кое го добија со пет поени предност, но откако видоа дека нема шега репрезентативците на САД во второто полувреме реализираа резултат од 63-37 и со тотален пресврт стигнаа до вториот триумф.

Фарид имаше 22 поени, додека Дејвис го заврши дуелот со 19 поени кај Американците.

Домаќинот Шпанија, пак, вечерва има лесна задача против Египет славејќи со 91-54.

РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО

ГРУПА А

Србија – Франција 73-74

Бразил – Иран 79-50

Шпанија – Египет 91-54

ГРУПА Б

Аргентина – Хрватска 85-90

Сенегал – Порторико 82-75

Филипини – Грција 70-82

ГРУПА Ц

Доминиканска реп. – Нов Зеланд 76-63

Турција – САД 77-98

Финска – Украина 81-76

ГРУПА Д

Кореја – Австралија 55-89

Словенија – Мексико 89-68

Литванија – Ангола 75-62

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.