Амандин Лејно : Вардар е како религија! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Амандин Лејно : Вардар е како религија!

Амандин Лејно : Вардар е како религија!

Француската репрезентативка на голот на ЖРК Вардар, Амандин Лејно, во интервјуто за интернет страницата на Француската ракометна федерација посветена на женскиот ракомет, зборува за македонската страст за ракометот, за Вардар и за неговите поддржувачи. Еве како Лејно им го претстави клубот  и Македонија на своите сонародници:

„Вардар е голем спортски клуб, најпознат во Македонија. Тешко е да се објасни, но Вардар е во гените на жителите на Скопје. Тоа е речиси како религија“ – објаснува Лејно.

Французинката ја игра втората сезона во дресот на ЖРК Вардар и вели дека во ниеден друг клуб немала подобри услови за работа.

„Имаме нов спортски комплекс кој е извонреден. Во „Јане Сандански“ ги имаме сите услови за добра работа. Никогаш нема проблем со термини бидејќи имаме своја сала во комплексот. Кога разговараме со играчите кои настапуваат во другите клубови во странство, јас мислам дека никаде нема подобри услови од овде. Исто така и климата и луѓето во Македонија се прекрасни“ – вели француската голманка.

За неа било посебно задоволство што сето тоа можела да им го покаже и на своите колеги од машката репрезентација на Франција.

„Беше „лудо“ кога момчињата дојдоа да играат во Скопје. Покрај за нивната победа, јас сум среќна и зато што тие престојуваа во хотелот до нашата сала и имаа можност  да ги видат нашите капацитети, но и страста на Македонците за ракометот“ – истакнува Лејно.

Во овој период мислите и на Лејно и на сите во ЖРК Вардар се насочени кон претстојниот викенд и настапот на фајналфор турнирот во Будимпешта.

Лани прв пат учествувавме во Лигата на шампионите и стигнавме до фајналфор. Во полуфиналето, во продолженија, бевме поразени од Будуќност. Екипата од Подгорица повторно ќе биде наш противик и во полуфиналето во сабота. Во нашиот тим владее одлична атмосфера. Конкуренцијата е здрава и секој си ја гледа својата работа“ – вели Лејно.

На прашањето какви се шансите ЖРК Вардар во сабота да и се реваншира на екипата на Будуќност за ланскиот пораз, Лено нагласува дека во натпреварот секој влегува со желба да победи.

Црногорките се фаворитки. Тие играат долго време заедно и имаат супер екипа. Тие ги добија сите натпревари во ЛШ досега. Но, тоа не ме плаши. На фајналфор, секој има цел да се победи без разлика кој е противникот“ – истакнува голманката на ЖРК Вардар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.